Повисоки откупни цени за тутунот бараат членовите на новоформираниот Сојуз на тутунски здруженија во Прилеп во кој членуваат 14 здруженија, а ќе дејствува преку Федерацијата на фармери на Македонија. Претседателот Сашо Јорданоски смета дека е потребна нова рамка со која ќе се утврдат откупните цени на тутунот пред почетокот на производствената сезона. Бараме цените да не се со големи разлики, односно цената на првата класа да биде 240 денари, на втората 192 и на третата 144. Со овие цени производството на тутун ќе биде исплатливо. Инаку, пред почетокот на новата производствена сезона на тутунот во прилепско-пелагонискиот регион, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, обелодени дека се откупени околу 14 илјади тони тутун со просечна откупна цена од 170 денари за килограм, а во цела Македонија над 20 илјади тони. Тој го оцени за успешен раниот откуп во септември при што се презеде дел од производството.
Повисоки откупни цени за тутунот бараат членовите на новоформираниот Сојуз на тутунски здруженија во Прилеп во кој членуваат 14 здруженија, а ќе дејствува преку Федерацијата на фармери на Македонија.
Претседателот Сашо Јорданоски смета дека е потребна нова рамка со која ќе се утврдат откупните цени на тутунот пред почетокот на производствената сезона.
- Бараме цените да не се со големи разлики, односно цената на првата класа да биде 240 денари, на втората 192 и на третата 144. Со овие цени производството на тутун ќе биде исплатливо - вели Јорданоски.
Инаку, пред почетокот на новата производствена сезона на тутунот во прилепско-пелагонискиот регион, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, обелодени дека се откупени околу 14 илјади тони тутун со просечна откупна цена од 170 денари за килограм, а во цела Македонија над 20 илјади тони. Тој го оцени за успешен раниот откуп во септември при што се презеде дел од производството.
- Тутунарите инкасираат над 55 милиони евра, заедно со претстојната субвенција од 60 денари за килограм. Очекуваме зголемен интерес за тутунопроизводство за околу 15 отсто поради зголемените цени, а и поради раниот откуп во септември во картонски кутии. Откупните компании најавуваат продолжување на започнатата практика на предвремен откуп, што ја олеснува понатамошната преработка - вели Димовски.
- Повеќе од третина од тутунот е трета класа, а откупувачите даваат зголемување на цената од 20 до 25 денари за првата класа. Мало е ревидирањето кај другите категории. Третата класа треба да не биде под 140 денари, а тие нудат првата класа да биде 240 денари, втората 172, а третата 125 денари. Наместо ќар, ќе „береме“ загуби поради поскапата нафта - вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија од Прилеп.